Американскиот милијардер, претседател и извршен директор на Беркшир Хатавеј, оцени дека новите царини што ги воведе американскиот претседател Доналд Трамп за неколку земји „до одреден степен се воен чин“.
„Имавме многу искуство со нив… Царините се всушност чин на војна, до одреден степен. Со текот на времето, тие стануваат данок на стоки. Мислам, „самовилата“ не ги плаќа. И што тогаш? Секогаш треба да го поставувате тоа прашање во економијата“, рече Бафет во интервју за CBS News, одговарајќи на прашањето како царините ќе влијаат на инфлацијата.
Овој 94-годишник, кој медиумите го нарекоа „Пророк од Омаха“, додаде дека најголемиот дел од парите со кои управува „секогаш ќе бидат во Соединетите Американски Држави бидејќи тоа е најдоброто место“.
Бафет ги поддржуваше претседателските кандидати во минатото, вклучувајќи ги Барак Обама и Хилари Клинтон, но одби да ги поддржи демократите на изборите во 2024 година.
Царините од 25 отсто за Мексико и Канада, предложени од американскиот претседател Доналд Трамп, стапија на сила денеска, а во февруари САД воведоа царини од 10 отсто за стоки од Кина.
Трамп, исто така, најави царина од 25 отсто за целиот увоз на челик и алуминиум во САД, што треба да стапи на сила на 12 март.