
Баерн (М) е заинтересиран за напаѓачот на Мајнц 05, Џонатан Буркард, тврди Флоријан Плетенберг. Баварците бараат алтернатива за Хари Кејн за следната сезона и една од опциите е 24-годишниот германски интернационалец.
Лидерот на Бундеслигата веќе стапил во контакт со претставниците на напаѓачот и го изразил својот интерес. Буркард го бараат и Баер Леверкузен, Ајнтрахт Франкфурт и клубови од Премиер лигата.
Напаѓачот има многу силна сезона за Мајнц. Тој има 15 гола на 22 натпревари во Бундеслигата и веќе забележа три настапи за германската репрезентација.
Договорот на Џонатан Буркард со Мајнц е до летото 2027 година. Клубот се надева дека ќе го задржи во својот тим.