Баерн и Мусиала постигнаа договор, но потоа следеше шок

14

Крилниот напаѓач на Баерн (М), Јамал Мусијала, изминативе месеци беше во центарот на вниманието бидејќи се шпекулираше дека би можел да го напушти германскиот гигант на крајот од сезоната, а голем интерес за него покажаа Ливерпул и Реал Мадрид.

Репрезентативецот на Германија има договор до летото 2026 година и најпрвин не сакаше да ја продолжи соработката, но откако се повеќе се зборуваше за негово заминување, Мусијала реши да ги смири страстите.

„Билд“ напиша дека Баерн (М) и Мусиала започнале преговори за нов договор и дека младиот фудбалер ќе биде најплатениот играч, а тоа е доказ колку сакаат да го задржат во своите редови.

Сепак, иако пред неколку недели ситуацијата околу продолжувањето на договорот беше речиси решена, сега се појави нов проблем.

Германските медиуми пишуваат дека Мусиала преку своите агенти им рекол на челниците на Баерн (М) дека има уште едно барање кога е во прашање новиот договор, а тоа воопшто не им се допаднало.

„Билд“ на својата насловна страница објави дека преговорите меѓу Мусиала и Баерн моментално се заглавени бидејќи 21-годишниот фудбалер почнал да инсистира во договорот да биде вклучена откупна клаузула.

Баерн (М) не сакаше Мусијали во договорот да вклучи откупни клаузули кои ќе му овозможат да се пресели во друг клуб доколку биде платена одредена сума, но германскиот играч почна да инсистира на тоа.

Мусијала не сака да потпише нов договор без таа клаузула, поради што преговорите во моментов се во застој.

Шефовите на Баерн не се задоволни од инсистирањето на Мусиала на таа клаузула и се обидоа да преговараат за астрономска сума за да се уверат дека никој не може да ја плати, но тој нема да се сложи со неа.

Во првиот дел од сезоната во дресот на баварскиот клуб Мусијала одигра 22 натпревари на кои постигна 14 гола и додаде уште шест асистенции.

ИЗДВОЕНИ