Бадникова поворка во Скопје, одбележување на Бадник пред Соборниот Храм/ФОТОГАЛЕРИЈА

350

Православните христијани денеска го одбележуваат Бадник денот пред Христовото раѓање, ден пред големиот празник Божиќ.

Од утрово во верските храмови се одржуваат литургии, а се подготвуваат и голем број бадникови поворки.

Денеска, од пред Музеј на Град Скопје се  собраа голем број дечиња кои ја формираа  најголемата Бадникова поворка, која заврши со голем божиќен концерт на плоштад „Македонија“.

Секое дете, со златна ѕвезда како подарок, учествува во бадниковата поворка.

Бадниковите поворки денес ќе се одржат во 80 населни места вклучувајќи ја и дијаспората. За првпат во организацијата се приклучуваат и Македонците од Словенија.

Организаторите порачаа дека денеска низ целата земја ќе ечи „Вечниот бог“.

Новитет годинава е новата божиќна пештера која стои на плоштад „Македонија“.

Фото:П. Стојановски

 

ИЗДВОЕНИ