Игрите на среќа секогаш носат возбуда, адреналин и таа тивка надеж дека само еднаш среќата може да ви затропа на вратата. Додека за некои носи мали радости, за други е ненадејна добивка што го менува секојдневието – макар и на кратко. Но, има и такви на кои среќата едноставно им го врти грбот.
Сепак, меѓу сите можни исходи, постои едно сценарио кое е најлошо од сите – да имаш добитен тикет, но да го изгубиш. Тоа чувство кога ќе сфатите дека сте биле на работ на нешто големо, но буквално ви се лизнало од раце, предизвикува вистинска емотивна бура.
Вистинска драма ѝ се случи минатата година на 76-годишната баба од Пенсилванија, Милдред Симонерилуто, која дури сега реши да проговори за искуството кое буквално и го сврте животот. Зборувајќи за американските медиуми, Милдред го отвори своето срце и ја сподели приказната за моментот кога, барем накратко, имала сè – и изгубила се.
Тој ден, за време на сосема обичен шопинг во продавница во Мерисвил, Милдред спонтано решила да си ја проба среќата и да купи билет за популарната лотарија „Кеш 5“. Набргу потоа, се случи нешто за што повеќето луѓе само сонуваат – таа откри дека нејзиниот билет е добите. Таа освои огромни 2,5 милиони долари или 2,35 милиони евра.
Но, тогаш нејзиниот свет се срушил бидејќи сфатила дека нејзиниот билет недостасува. Преплашена и со скршено срце, таа веднаш ги контактирала службениците на лотаријата. Меѓутоа, тие ѝ одговориле дека не можат да и ги платат добивките без тикетот.
Тогаш започна вистинска мала лична потрага. Милдред со денови ги прочешла своите спомени, обидувајќи се да го реконструира секој чекор, секое движење, секој момент од купувањето на билетот до неговото исчезнување. И тогаш, една вечер, додека тивко размислуваше што друго може да направи, одеднаш ѝ осамна – јакна.
Се сети дека добитното ливче внимателно го ставила во џебот од нејзината зимска јакна – токму онаа што неколку дена претходно ја донирала на Виетнамските ветерани од Америка, организација која дистрибуира облека низ светот на оние на кои им е најпотребна.
Бев изненадена… Нема зборови со кои може да се опише тоа чувство“, признала Милдред за американските медиуми.
Иронично, ливчето го ставила во џеб за да не го заборави. Тикетот беше тука за неа, безбеден – барем така мислеше таа. Но, како што вели, годините си го прават своето
Во очајнички обид да го исправи погрешното, Милдред реши да се врати во организацијата и да ја објасни ситуацијата, надевајќи се дека можеби, по некое чудо, јакната сепак ќе биде таму. Но, судбината имаше други планови.
Вработените со разбирање ја слушале нејзината приказна, но тажно ја известиле дека јакната веќе е предадена.
„Што друго ми останува? Да плачам гласно и да се надевам дека среќата ќе ми се насмее“, очајно рекла Милдред, која се уште се надева дека парите ќе и дојдат во раце.