Aрхивата на “Астерфест„ во светски филмски центри

58

Годинава, во пресрет на следното јубилејно издание, ќе има специјална изложба и промоција на материјали од архивата на фестивалот во неколку светски филмски центри.

Инаку, четиринаесеттото издание на Интернационалниот филмски фестивал “Астерфест„, посветен на кусометражните филмски форми, ќе се одржи летово во Струмица. Според режисерот Горан Тренчовски, се работи за уште едно интересно фестивалско издание при што ќе се направи пресек на најдобрите кратки форми во склад со зацртаната фестивалска рамка.

“Ќе се обидеме и овој пат да понудиме новитети во поглед на присуство на автори и актуелни програмски содржини. Благодарение на членството во Европската филмска академија и Конференцијата за краток филм, како и патувањата и соработката со светски фестивали”, работам на уметничкото фестивалско обликување, а веќе имаме нови засилувања и ресурси во менаџерскиот тим со мојот продуцент Дејан Милошевски„, вели Тренчовски.