Азески и Радев договориле средби на бизнисмени од двете земји

163
Претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески денеска во Софија се сретнал со бугарскиот претседател, Румен Радев. Како што информираа од Стопанската комора на Македонија,  Азески и Радев заедно се договориле да организираат средби на македонски и на бугарски бизнисмени во текот на месецов, исклучиво на теми поврзани со инфраструктурата, зголемување на трговската размена и отстранување на сите бариери кои ја попречуваат соработката меѓу двете земји.
 -За таа цел претседателот Азески ќе одржи одделни средби со премиерот Желјазков и со вицепремиерот и министер за транспорт на Р. Бугарија, Гроздан Караџов, стои во сооптението од Стопанската комора на Македонија.
Денес во Софија се одржува „The Economist Business Summit, кој ги собра заедно политичките и бизнис лидерите од Бугарија и од регионот.  Се разговараше на глобални и регионални теми како: глобалната геополитичка состојба, енергијата и зелената транзиција, вештачката интелигенција, информатичката технологија и приоритетите на Р. Бугарија за 2025 година.
На настанот се обратија претседателот на Р. Бугарија, Румен Радев, кој официјално го отвори Самитот, како и премиерот Росен Желјазков.

ИЗДВОЕНИ