Азербејџан од Русија бара извинување, казна и оштета за падот на авионот

111
EPA-EFE/KAZAKHSTAN EMERGENCIES MINISTRY HANDOUT

Азербејџан побара од Русија да ја признае вината за соборувањето на авионот на Азербејџан ерлајнс, да ги казни одговорните и да плати отштета, изјави денеска претседателот на Азербејџан Илхам Алиев во интервју за азербејџанскиот јавен сервис AzTV.

Ние јасно ги соопштивме нашите барања и тие беа поднесени веќе на 27 декември. Русија треба да му се извини на Азербејџан, да ја признае вината, да ги казни виновните и да плати отштета на државата и на повредените патници и членови на екипажот. Првото барање беше исполнето во саботата, а се надевам дека ќе бидат исполнети и другите, изјави Алијев, пренесува Тасс.

Рускиот претседател Владимир Путин во саботата во телефонски разговор со Алиев се извини за авионската несреќа во рускиот воздушен простор, а портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков најави дека тие го продолжиле разговорот денеска.

Во денешниот телефонски разговор Путин и Алиев продолжиле да разговараат за различни прашања поврзани со соборувањето на авионот на Азербејџан ерлајнс, рече Песков.

ИЗДВОЕНИ