Автомобил влета во маса луѓе на фестивал во Канада: Има мртви и повредени/ФОТО/ВИДЕО

58

Неколку луѓе загинаа, а повеќемина се повредени во Ванкувер откако возач влетал во толпа на филипински уличен фестивал, соопшти полицијата во саботата, пренесе Ројтерс. Инцидентот се случил нешто по 20 часот во близина на Источна 41-та авенија и улицата Фрејзер, каде што членовите на филипинската заедница се собираа за да го прослават Денот на Лапу-Лапу.

Полицијата во Ванкувер потврди дека возачот е уапсен и дека истрагата е во тек, но официјалниот биланс на загинати се уште не е објавен. На снимката се гледаат драматични сцени: полицијата се обидува да ја контролира разгневената толпа додека истовремено им помага на повредените.

“Неколку луѓе загинаа, а неколку други се повредени откако возач влета во толпа на уличен фестивал на E. 41. авенија и Фрејзер вечерва нешто по 20 часот. Возачот е во притвор. Ќе дадеме повеќе информации како што ќе напредува истрагата”, соопшти полицијата.

Локалните медиуми јавуваат дека теренец удрил во пешаци за време на годишниот фестивал Лапу Лапу, кој ја слави филипинската култура. Фестивалот му оддава почит на водачот на антиколонијалната борба на Филипините во 16 век.

Непроверените снимки на социјалните мрежи покажуваат бројни полициски автомобили, амбулантни возила и противпожарни возила на местото на настанот, а повредени лица лежат на земја.

Градоначалникот на Ванкувер, Кен Сим, на X рече дека е „шокиран и длабоко тажен од ужасниот инцидент“. „Нашите мисли се со сите засегнати и со филипинската заедница Ванкувер во ова неверојатно тешко време“, рече тој.

ИЗДВОЕНИ