Автомобил влета во група луѓе во Минхен, најмалку 15 се повредени

35

Повеќе лица се повредени во Минхен откако автомобил влетал во група луѓе, соопшти во четвртокот германската полиција. Според весникот Билд, најмалку 15 лица се повредени.

Инцидентот се случи еден ден пред почетокот на Минхенската безбедносна конференција, на која ќе присуствуваат американскиот потпретседател Џеј-Ди Венс и украинскиот претседател Володимир Зеленски. Нивното пристигнување во Минхен се очекува денеска.

Полицијата започна голема операција во близина на главната железничка станица и во моментов ги истражува околностите на инцидентот. Портпаролот на полицијата не соопшти повеќе детали.

На социјалните мрежи полицијата објави дека возачот е уапсен и не претставувал дополнителна закана.

„Во моментов е во тек голема полициска акција на улицата Дахауер во Минхен! Возилото удрило во група луѓе. „Наводно, неколку лица се повредени“, напиша Карл Кеим, новинар на германскиот Билд, на X.

Според локалниот медиум БР, инцидентот ги погодил учесниците на демонстрациите поврзани со штрајкот организиран од синдикатот Верди. Сепак, синдикатот соопшти дека немаат дополнителни информации за инцидентот, пренесува CNN.

ИЗДВОЕНИ