Тешка сообраќајна несреќа се случила попладнево кога автомобил на патот Рашче-Сарај заврши во реката Вардар. Во автомобилот се наоѓале лица од село Грчец. Од МВР за МИА информираа дека веднаш на местото на настанот се упатени полициски службеници и Итна медицинска помош, а екипа на САЕ Тигар презема мерки за вадење на автомобилот.
Како што објави Телма, според неофицијални информации, во возилото бил постар брачен пар, еден од нивните синови и снаата.
Петтиот сопатник, 5-годишно дете, било пронајдено од случајни минувачи и со нивна помош е пренесено во болницата 8 Септември во Скопје.
Полицијата и нуркачите веќе се на терен и трагаат по четирите лица кои се уште се водат како исчезнати.