Автоматски систем за детекција на чад и пожар со дојава до брза помош, противпожарна и полиција, како и своевидни ознаки за сите безбедни објекти за секој што ќе влезе во нив да се чувствува безбедно. Ова биле двата предлога што Општина Кавадарци ги дала до Кризниот штаб.
– Едниот предлог е да работиме во наредните три до пет месеци заедно со сите надлежни субјекти на правење на автоматски систем со сензори за детекција на чад и пожар и автоматска дојава за пожарот до клучните институции, брза помош, полиција и противпожарна единица – информираше кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.
Тој информираше дека не биле забележани големи аномалии при последните контроли на јавни институции, јавни објекти и колективни згради, само имало случаи на скршени вентили на хидрантски системи, украдени или непостоечки црева за такви системи, а имало случаи системот да изгледа дека функционира, но дотокот на вода бил оневозможен, или притисокот на вода бил недоволен за да функционира еден хидрант.