Автобусите в понеделник ќе сообраќат по неделен возен ред

442

Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ ги известува своите патници дека в понеделник, поради државниот празник „Св.Климент Охридски“, автобусите од јавниот превоз ќе сообраќаат по неделен возен ред.

Жичницата ќе функционира вообичаено, со работно време од 10 до 18 часот, при што од 17 до 17:30 часот е последното возење од долу кон врвот, а во 17:45 часот е последно возење од врвот надолу.

 

ИЗДВОЕНИ