Автобусите доцнат и по 40 минути, патниците се качуваат во првиот што ќе дојде за да стигнат каде што се упатиле!

105

Скопјани се принудени да чекаат и по еден час на автобуските станици, па откако нема да дојде автобусот што го чекаат, се качуваат во првиот што ќе наиде за некако да стигнат онаму каде што се упатиле. Симона Арсовска раскажува дека утринава, поради доцнење на автобусите, нејзиното дете, кое излегло од дома за да стигне на првиот час, не стигнало ниту на вториот час во училиште.

Споделувајќи фотографии на социјалните мрежи, граѓаните реагираат дека поминала преполна „65“ утринава, во 7:10 часот и дека воопшто не застанала на автобуската постојка. Патниците се снаоѓале кој како знае за да се симнат од преполниот автобус.

– Дали имате чувство да се реши проблемот и по толку натегања со градската власт, да не може да ги средите работиве?! Има ли некој да одговори?! – прашува Софија

Наместо да се реши, проблемот со јавниот градски превоз се продлабочува. Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ нема доволен број возила за да одговори на потребите на скопјани, а приватните превозници не возат, бидејќи бараат повисока цена од Град Скопје за изминат километар, и тоа за 40 проценти повеќе.

Граѓаните повторно се револтирани од ваквата состојба, бидејќи се принудени да чекаат и по еден час на автобуските станици, па откако нема да дојде автобусот што го чекаат, се качуваат на првиот што ќе наиде за некако да стигнат онаму каде што се упатиле.

Симона Арсовска раскажува дека утринава, поради доцнење на автобусите, нејзиното дете, кое излегло од дома за да стигне на првиот час, не пристигнало ниту на вториот час во училиште.

– Детето излезе од дома, во Ченто, во 6:30 часот, а дури во 8:10 се качи во автобус, на Бит-пазар. Излезена како за на прв час за да стигне на вториот. Но, нема шанси да стигне ни на вториот. Нервози и стресови. Жив срам и за ЈСП, и за градоначалничката на Скопје, и за сите што се прават слепи за сериозноста на ситуацијата – коментира таа.

Притоа, додава оти посакува пратениците да излезат од автомобилите и да тргнат со автобуси на работа, па да видат до каде ќе стигнат и дали ќе им биде топло и убаво како во автомобилите со возачи или ќе мрзнат и ќе се нервираат како сите луѓе што тргнале со јавен превоз на работа и на училиште.

–  Ајде да видиме малку солидарност! Ако толку го сакаат народот, нека излезат во вакви ситуации, а не само за сечење ленти – револтирано вели Симона.

Таа додава дека ова е целосен колапс.

– Главен град без јавен превоз е окупиран град, нефункционален град. Тие го знаат тоа и никој не презема ништо. Сите сме жртви на системот и на политиките. Народот, особено децата во оваа земја – нагласува Симона.

Софија, пак, ги прашува, како што вели, „надлежните креатори на политиките дали имаат малку смисла за емпатија кон своите избирачи, кон нивните деца, родители, вашите деца, родители, својот народ, за хаосот со превозот што се случува“.

– Дали имате чувство да се реши проблемот и по толку натегања со градската власт, да не може да ги средите работиве?! Има ли некој да одговори?! – потенцира таа.

И друга госпоѓа се пожали на социјалните мрежи дека чекала автобус со бројот „13“ во Железара, но воопшто не дошол, а други, пак, споделувајќи фотографии на социјалните мрежи, реагираат дека поминала преполна „65“ утринава во 7:10 часот и дека воопшто не застанала на автобуската постојка. Патниците се снаоѓале кој како знае за да се симнат од преполниот автобус.

Жителка на Ѓорче Петров, пак, вели дека околу 40 минути чекала автобус со бројот „5“ на автобуска постојка во оваа населба, па морала да се качи во првиот што дошол за навреме да стигне на работа.

Други повикуваат на протести, бидејќи се нема слух за состојбата.

(А.П.)