Автобус се запали во скопската населба Бутел 2

167

Според информациите од терен, чад го зафатил целото возило, стаклата се распукале, а на помош притрчале луѓе кои се обиделе да го изнаснат пожарот пред да пристигне противпожарната бригада. Засега нема информации за повредени лица. Според директорот на ЈСП, Драги Кушовски, причината за последниот инцидент е неисправна електрична инсталација на автобусот

 

Автобус на јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ денеска се запали во скопската населба Бутел 2. Според информациите од терен, чад го зафатил целото возило, стаклата се распукале, а на помош притрчале луѓе кои се обиделе да го изнаснат пожарот пред да пристигне противпожарната бригада. Засега нема информации за повредени лица.

Според директорот на ЈСП, Драги Кушовски, причината за последниот инцидент е неисправна електрична инсталација на автобусот.

– Возачот на автобусот пријавил дека автобусот е неисправен, додека во близина на киното чекал да дојдат службите да го сервисираат избувнал пожар од електричната инсталација – изјави Кушовски.

Според директорот зачестените инциденти со автобусите во последно време, се резултат на дотраеноста на возниот парк на ЈСП.

– Генерално причината за вакавите инциденти  е дотраеноста на возниот парк, но сепак секој случај треба поединечно да се третира – одговори Кушовски.

Пред две недели кај Транспортниот центар под Железничката станица во Скопје се запали двокатен автобус на ЈСП, а возачот беше пренесен в болница оти вдиша чад.

На почетокот на месецов пак, двокатен автобус се качи на жардиниера на булеварот кај судовите во Скопје, а возачот на прес-конференција кажа дека му откажал воланот.

(А.П.)