Австриската полиција објави фотографии од двете жени со исчезнатото девојче: Семејството на Данка претпоставува дека таа е на видеото

552
FOTO: AUSTRIA POLICE

Австриската полиција официјално се огласи за снимката од две жени со девојчето кое личи на исчезнатата Данка Илиќ (2). Нив во саботата ги снимил српски државјанин на трамвајска станица во Виена.

Беа објавени и фотографии од жените, за да можат граѓаните да пријават во полиција доколку ги видат, или знаат каде се.

Австриската полиција соопшти дека семејството на исчезнатата Данка Илиќ претпоставува дека двегодишното девојче е на видеото што е направено на трамвајската станица во Виена.

„Откако роднините на исчезнатото девојче ги погледнале видеата, претпоставиле дека е голема веројатноста да се работи за исчезнатата Данка“, се наведува во соопштението.

Се додава дека видеото до австриските власти го проследил маж кој на трамвајската станица „Шотенринг“ наишол на мало дете во придружба на две возрасни жени и ја забележал сличноста меѓу него и двегодишната Данка Илиќ.

Српските власти потоа ја контактирале полицијата во Австрија, а истрагата за сомневање за киднапирање на детето ја презела виенската државна криминалистичка полиција“, се вели во соопштението.

Виенската полиција бара видеото да биде објавено по налог на јавен обвинител, за сите кои ги познаваат жените од видеото и местото каде се наоѓаат, односно каде е детето, веднаш да се обратат во полиција.

Информации може да се дадат и на виенската криминалистичка полиција на 01-31310-33800 или во која било полициска станица, се вели во соопштението.

„Објавивме различни слики, постои сомневање дека Данка е киднапирана“

Шустер за Танјуг нагласи дека Државната криминалистичка полиција во Виена веќе покренала истрага.

„Имаме многу добар и близок контакт со српските власти во врска со девојчето кое исчезна на 26 март, денеска по налог на јавното обвинителство на Виена објавивме различни слики, на тие слики се гледа мало дете и уште две жени. По увидот на видео материјалот од роднините на Данка, голема е веројатноста дека се работи за исчезнато девојче“, изјави Шустер за Танјуг.

Данка Илиќ исчезна на 26 март во близина на Бањско Поле во Бор, а потрагата по неа трае оттогаш. По неа е распишана потерница од Интерпол, а поради нејзиното исчезнување за прв пат во Србија е активиран системот „Најди ме“.

Како што се наведува во полициското соопштение, потерницата е издадена затоа што постои сомнеж за киднапирање на дете, а во исто време се повикуваат сите кои ги познаваат жените или знаат каде се наоѓаат веднаш да се обратат во полиција.

Министерството за внатрешни работи на Србија потврдува дека интензивната потрага по девојчето продолжува, дека истрагата е проширена на територијата на Србија и дека полицијата во Виена го истражува овој случај по видеото кое се појави од станицата Тамва во Виена, на која е прикажано девојче која наликува на Данка Илиќ.

Словенечката полиција се вклучи во потрагата по двегодишната Данка Илиќ од Бор, која исчезна на 26 март во населбата Бањско Поле и ги повика оние кои имаат некаква информација за неа да се јават.

Во меѓувреме, Министерството за внатрешни работи на Република Српска ги повика граѓаните доколку имаат информации за исчезнатото девојче веднаш да ја известат полицијата на телефонскиот број 122.

 

FOTO: AUSTRIA POLICE
FOTO: AUSTRIA POLICE