Австриската скијачка Нина Ортлиб ја скрши десната нога при пад за време на трката во спуст во Гармиш-Партенкирхен.

  • Скијачката од Форарлберг беше пренесена во болницата во Гармиш-Партенкирхен на детален лекарски преглед и за жал беше потврдено сомнежот за тешка повреда. Рендгенскиот преглед откри фрактура на долниот дел од десна нога, соопшти Австрискиот скијачки сојуз.

Од таму таа била префрлена во Шрунс на понатамошно лекување, се додава во соопштението. Лекарите на патеката ја лекувале повеќе од 20 минути пред да биде евакуирана и пренесена во болница.

Инаку, до победата дојде италијанската скијачка Федерика Брињоне, која ја зголеми предноста во генералниот пласман во Светскиот куп. Таа победи со време од 1:35,83 минути и го постигна петтиот триумф сезонава, а вкупно 32-ри во Светскиот куп. Второто место го зазеде нејзината сонародничка Софија Гоџа со 0,01 секунда заостанување. Швајцарката Корин Сатер го освои третото место со заостанување од 0,19 секунди.

Во генералниот пласман во Светскиот куп, лидер е Брињоне има 739 бодови, 110 повеќе од Гут-Бехрами, а трета е Швајцарката Камил Раст со 562.

ИЗДВОЕНИ