Австралискиот парламент го тресат низа скандали, меѓу кои и наводи за сексуален напад

43

Вработените во австралискиот парламент поднеле 30 пријави за сериозни прекршувања на работничките права, вклучително и сексуални напади, објавија денеска австралиските медиуми, наведувајќи дека парламентот се обидува да се справи со бранот скандали.

Одделот за поддршка на парламентарната работна средина беше отворен во октомври 2023 година како доверлива служба за помош на вработените во федералниот парламент, според Ројтерс.

Во извештајот на одделот се наведува дека во текот на првите девет месеци од работењето, од октомври 2023 година до јуни 2024 година, од вкупно 339 случаи, биле обработени 30 пријави за сериозни прекршувања, вклучувајќи сексуални напади, вознемирување и заплашување, но не се прецизира дали дел од тие предмети беа проследени во полиција или се во фаза на судска постапка, јавува Танјуг.

Одделот за поддршка на работната средина во австралискиот парламент беше формиран откако владиниот извештај од 2021 година покажа дека секое трето лице кое работи во парламентот доживеало сексуално вознемирување

Австралиска сенаторка во 2023 година изјави дека и се заканувале и агресивно била поттикната од колега сенатор да прифати несоодветно допирање.

ИЗДВОЕНИ