Предложениот закон во Австралија ќе бара од социјалните мрежи да дејствуваат за да спречат штета на корисниците како што се малтретирање, предаторско однесување и алгоритми кои нудат деструктивна содржина, соопшти денеска австралиската влада.
-Предложениот закон ќе воведе обврска на дигиталните платформи да ги чуваат Австралијците безбедни и да спречат штета на мрежите, рече министерката за комуникации Мишел Роланд.
Предложените измени на Законот за онлајн безбедност објавени се пред владата следната недела да го претстави во парламентот првиот закон во светот со кој на децата под 16 години ќе им се забрани користење на социјалните мрежи „Х“, „Инстаграм“, „Фејсбук“ и „ТикТок“.