Австралискиот парламент денеска го усвои, првиот во светот, закон со кој се забрануваат социјалните мрежи за деца под 16-годишна возраст.
Се очекува Snapchat, TikTok, Facebook, Instagram, Reddit и X (Twitter) да бидат забранети, но листата може да се прошири.
Сенатот, на последниот ден од седницата во годината, ја одобри забраната за социјалните мрежи, по неколкумесечна интензивна јавна расправа и бурниот парламентарен процес во кој предлог-законот беше презентиран, расправан и усвоен во рок од една недела, објави Си-Ен-Ен.