EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Како што пренесува српски „Меридијан спорт“, дефинитивно завршува соработката помеѓу Партизан и Алекса Аврамовиќ, па српскиот репрезентативец кариерата ќе ја продолжи во друг клуб. Се верува дека следна дестинација би можела да му биде новиот евролигаш Париз, за кој настапува македонскиот репрезентативец Ти-Џеј Шортс.

Аврамовиќ дојде во Партизан од шпански Естудијантес во 2021 година, ја освои АБА лигата во 2023 година и сега, како што стојат работите, кариерата ќе ја продолжи во Париз.