Националната полиција и противпожарната служба на Хондурас одделно соопштија дека 12 лица загинаа, пет се спасени, додека едно лице сè уште се води како исчезнато.
Авион на „Ланса“ се урна во морето помалку од една минута по полетувањето од островот Роатан, а агенцијата за цивилна аеронаутика на Хондурас соопшти дека истрагата е во тек.
Причината за несреќата сѐ уште не е позната, но градоначалникот на Роатан за локалните медиуми изјавил дека временските услови не влијаеле на несреќата, пренесува Би-би-си.
По несреќата, претседателот на Хондурас, Ксомара Кастро, веднаш активираше комитет за итни случаи, составен од сите служби за итни случаи, вклучително и војската, полицијата, противпожарната служба, Црвениот крст и Министерството за здравство.
Според извештаите на локалните медиуми, меѓу загинатите е и познатиот музичар од Хондурас, Аурелио Мартинез Суазо.
Во авионот, кој требаше да полета до аеродромот Ла Сеиба во Хондурас, имало 17 патници, меѓу кои и тројца членови на екипажот, соопштија локалните власти.
Локалните медиуми јавија дека меѓу патниците имало државјани на САД и Франција, како и две малолетни деца.