Авион прелета низ ураганот „Милтон“/ВИДЕО

454
Фото: NOAA

Вознемирувачките снимки објавени од Центарот за воздушни операции на Националната океанска и атмосферска администрација покажуваат како истражувачки авион силно се тресе од силни турбуленции додека летал директно низ ураганот Милтон.

Агенцијата соопшти дека целта на патувањето е да се соберат податоци за истражување на ураганиte и да се помогне во подобрувањето на прогнозирањето на бурите, пишува Њујорк пост.

Во авионот биле четворица истражувачи на NOAA.

Предмети летале во внатрешноста на авионот додека летал низ ветрови до 280 км/ч. На видеото се гледаат предмети расфрлани во авионот.