Авионите кои Холандија ги испрати во Украина може да се користат за напади во Русија

105

Холандската министерка за одбрана Кајса Олонгрен повтори дека 24-те борбени авиони Ф-16 што Холандија има намера да ги донира на Украина може да се користат за цели во Русија.

Таа во интервју за Политико рече дека Холандија нема да воведе ограничувања како Белгија, чиј премиер Александар Де Кроа го предупреди Киев да не користи авиони Ф-16 за гаѓање цели на руска територија.

„Нема ограничување. Ние само бараме од нив (Украина) да го почитуваат меѓународното право и правото на самоодбрана како што е наведено во Повелбата на Обединетите нации, што значи дека тие го користат за да гаѓаат воени цели што треба да ги таргетираат во нивната самоодбрана“, додаде Олонгрен.