Авион од САД за Кина морал да се врати на половина пат бидејќи пилотот го заборавил пасошот

133

Авионот на Јунајтед ерлајнс на летот од Лос Анџелес за Кина мораше да се врати во САД два часа по полетувањето, откако беше откриено дека еден од пилотите не носел пасош, потврдија од авиокомпанијата за Си-Ен-Ен.

Авионот со 257 патници и 13 членови на екипажот полетал од меѓународниот аеродром во Лос Анџелес во 14 часот. во саботата по локално време и се упати кон северозапад.

Планот беше да се прелета преку Тихиот Океан до Шангај.

Меѓутоа, два часа подоцна, авионот се свртел и се упатил кон Сан Франциско, каде што слетал околу 17 часот, пишува порталот FlightAware.

„Пилотот немаше пасош. Договоривме нов екипаж кој ќе ги однесе патниците до нивната дестинација таа вечер. На патниците им беа дадени ваучери за оброк и надомест“, соопштија од авиокомпанијата.

Новиот екипаж полетал околу 21 часот и слетал во Шангај околу шест часа подоцна.

ИЗДВОЕНИ