Авион исчезна од радарот над Алјаска, во тек е потрага

46

Патничкиот авион „Беринг ер“ во кој се наоѓале 10 лица исчезнал на пат од Јуналаклито кон Нумеа, на Алјаска, а во тек е потрага, соопшти Министерството за јавна безбедност на оваа американска држава.

Во „Cessna Caravan“ имало девет патници и еден пилот, јави Ротерс

Авионот доцнел при пристигнувањето и веднаш била започната потрага по него.

„Во 16 часот по локално време, беше пријавено дека авионот доцнел“, соопшти државната полиција на Алјаска.


Локалната доброволна противпожарна служба објави дека спроведува активна потрага на Белата планина, но е ограничена на воздушна потрага поради лошите временски услови и намалената видливост.

Американската крајбрежна стража и американското воено воздухопловство дојдоа на помош, а планирани се летови за истражување на областа и обид за лоцирање на исчезнатиот авион, јавува Си-Ен-Ен.

ИЗДВОЕНИ