Нискобуџетната компанија „Изиџет“ планира да врати на македонскиот пазар напролет со воведување летови меѓу Париз (аеродормот „Орли“) и Скопје. Како што објави порталот „Екс ју авиејшен“, повикувајќи се на францускиот финансиски весник „Лес Ексос“, се очекува летовите да бидат закажани наскоро.

– Со новата услуга буџетската авиокомпанија ќе се врати во Скопје по прекинот на операциите од Женева минатиот месец. Понатаму, ќе ја прошири врската меѓу Македонија и Франција, која ќе расте заедно со планираните нови летови на „Виз Ер“ до Лион, кои исто така ќе започнат во 2025 година – стои во објавата.

Авиолинија од Скопје до францускиот главен град опслужува и „Виз Ер“  до аеродоромот „Бове“, оддалечен 90-ина километри од Париз, додека пак, аеродромот „Орли“ се наоѓа на дваесетина километри од центарот на Париз.

„Изиџет“ влезе на македонскиот пазар во ноември 2021 година.

ИЗДВОЕНИ