Како што се согласија сите членови на прес-конференцијата во пресрет на коценрот, дека „Меморија“ вака не звучела, тоа и го потврдија на вечерашниот љубилеен концерт со кој се одбележуваат 40 години од постоењето на групата на сцената во арената „Борис Трајковски“.
Насобраната публика, сочинета од сите генерации навистина имаше можност да ужива во вистинска концертна журка проследена со аудиовизуелен спектакл.
Концерот го красеа и четирите дами од македонската музичка сцена Ружица Брчиоска од групата „Ареа“, Андријана Јаневска, Дани Димитровска и Сара Мејс.
Фото: П.Стојановски