Многу непријатна ситуација се случи на трката на 3.000 метри на Европското првенство во атлетика во сала во Апелдорн, Холандија. Холанѓанката Морин Костер (32) во тој момент падна и загуби свест.
Веднаш по стартот на трката и додека девојките беа во група, Холанѓанката се сопна и падна откако беше турната одзади од еден од нејзините натпреварувачи. Во таа прилика удри со главата во бетонот и загубила свест. За среќа, брзата помош веднаш пристигна и и даде прва помош на девојката побрзо да закрепне, но ниедна од нејзините ривалки не застана да и помогна на Холанѓанката.