Татјана Лазаревска и Новица Василевски: „Точно пред 10 години со синовите се преселивме во Австралија, животот ни е убав“!Mакедонска музичко-брачна двојка имаа(т) причина за славење

323

„Не е фалбаџиски ако кажам дека ние сме едно среќно семејство, кое е богато со пријатели, со луѓе кои нас не сакаат и ја сакаат нашата позитивна енергија и нашите песни. Затоа кога од Македонија доаѓаат во Австралија да пеат, многу наши колеги ни доаѓаат во посета. Велат, доволни им е само да се физички видиме, да го размениме муабетот, да ги разменат со нас позитивните вибрации“, вели воодушевено пејачката, која и на овие пристојни години одлично изгледа и одлично пее

Адресата ја сменија, заминаа многу далеку во далечната Австралија, а останаа исти: нормални, насмеани, среќни, комуникативни и што е најважно распеани. Бидејќи по професија пред сè се пејачи, естрадни работници. Тие се популарната македонска музичко-брачна двојка, Новица Василевски и Татјана Лазаревска.

Завчера во Австралија, каде што сега е жешко лето, гламурозно ја прославија 10-годишнината кога од Скопје дефинитивно се преселија во Мелбурн. Сите гости беа почестени со голема торта, а на Новица му „падна“ првото најслатко парче од тортата, кое му го исече и даде сопругата Татјана. Нив за родната земја ги врзуваат огромен број спомени, но знаат и да си го направат ќеифот, па да му ја „летнат“ за Скопје, колку да ја ублажат носталгијата.

„На 20 јануари 2015 година, точно пред 10 години, пристигнавме во Австралија. И тука останавме. Животот е убав“, напиша емотивно Татјана на социјалните мрежи. Таа и сопругот Новица, некогашниот успешен пејач во групата „Биоритам“ ги имаат синовите Петар и Стефан. Тие се веќе возрасни и се ученици во средните училиште, а и двајцата се занимаваат со спорт. За сега професионалното занимавање со музиката, по примерот на родителите, не им е во план.

-Годините си врват, а Петар и Стефан станаа големи момчиња. Петар се занимаваа со кошарка, игра за репрезентација на „Викторија“, а на Стефан најомилен му е австралискиот фудбал кој многу го сака и во фудбалот постигнува одлични резултати. Не е фалбаџиски ако кажам дека ние сме едно среќно семејство, кое е богато со пријатели, со луѓе кои нас нè сакаат и ја сакаат нашата позитивна енергија и нашите песни. Затоа кога од Македонија доаѓаат во Австралија да пеат, многу наши колеги ни доаѓаат во посета.                                                                                                  Велат, доволни им е само физички да се видиме, да го размениме муабетот, да ги разменат со нас позитивните вибрации“, вели воодушевено пејачката која и на овие пристојни години одлично изгледа и одлично пее. Преку ден работи во детска градинка, англискиот го зборува исто како македонскиот, а навечер, најчесто за време на викендите, таа и Новица пеат на многубројни македонски, но и на српски, забави, седенки, родендени, крштевки, прослави.

-Сега во Австралија се летните горештини, а најблиската плажа на океанот ни е на половина час возење од нашата нова куќа, која е воедно и осветена според македонски православни обичаи, објаснува Татјана. Потенцира дека го сака австралиското лето бидејќи нема такви екстремни горештини кои сè почесто се јавуваат во родната Македонија. Во тој нивниот нов дом, нејзиното најомилено катче е дневниот престој каде што сака да се одмори од обврските и да гледа некој добар филм.

Иако се смета за одлична домаќинка, на која ништо не ѝ е тешко во врска со домашните работи, и да пере и да пегла и да зачисти, сепак објаснува дека местото во кујната со задоволство му го препушта на сопругот Новица. Вели, дека мажот во кујната е нешто најдобро што е подарено од Господ. – Не само што мажите се врвни мајстори крај шпоретот и што знаат да готват само ако сакаат, туку и по завршена подготовка на храната, тие кујната максимално ќе ја исчистат, мислиш како да си во аптека. Па, не залудно најдобрите готвачи се мажи, нели, Стево Карапанџа, Џејм Оливер и многу други.

-Новата куќа ја купивме на средината на декември. Пред тоа живеевме под кирија. Се вселивме на 14 јануари, на Стара нова година, на Василица. На 20 јануари ја осветивме. Токму затоа 20 јануари го славиме како многу значаен датум во животот на нашето четворочлено семејство, раскажува Татјана, која нагалено ја ословуваат со прекарите Таци, Лазарица или Тањица. Популарната брачна двојка навистина знае да ужива во животот. Немаат ни трошка причина да бидат намуртени.

Здравјето ги служи, а благодарение и на новата технологија, често се преку умните мобилни телефони, на врска со најсаканите во Македонија. Особено со мајка и на Татјана, која од време на време им доаѓа на гости во Австралија. Разбирливо дека на бабата најмногу и се радуваат внуците Петар и Стефан кои имаат прекрасни македонски имиња, без разлика на тоа што Австралијците си ги „викаат“ по оние нивните, Питр и Стеф.                                                                                              Д.М. фото:архива

 

 

 

ИЗДВОЕНИ