Едно лице загина во шумските пожари што вчера се проширија во предградијата на Атина, Грција. Телото, за кое се верува дека е женско, било пронајдено во продавница во градот Врилисија, северно од Атина, изјави за Би-Би-Си извор од противпожарната служба.
Пожарникарите во Грција трет ден се борат со пожарот во Атика. Пожарот избувна на неколку фронтови, а уништени се куќи, евакуирани болници, а најмалку 1.000 пожарникари се обидуваат да го локализираат страотниот пожар кој упорно го разгорува силниот ветер.
Запалени се домови и имоти во околните градови, како и североисточните делови на грчката престолнина, вклучително и училиште во Неа Пантелија.
Илјадници луѓе беа евакуирани откако пожарникарите предупредија дека се загрозени домовите, деловните објекти и училиштата, а се очекува пожарите да продолжат и денеска.
Портпаролот на противпожарната служба Василиос Ватракоганис рече дека иако повеќе нема активни огнени фронтови во североисточниот регион Атика, кој опфаќа делови од Атина, сè уште има „многу активни локални пожари“, главно околу градовите Маратон и Пентели.
❌ #Greece Authorities Order Evacuation of Homes, Hospitals near Athens as #Wildfire Rages
A massive fire is out of control in the northern parts of Attica, #Athens.
The wildfires are spreading despite “superhuman” efforts to combat the flames, the fire brigade said. pic.twitter.com/Kmf183sjQX
— (@cheguwera) August 12, 2024
Полковникот Ватракоганис рече дека двајца пожарникари се здобиле со изгореници додека се бореле со пожарот. Официјални лица рекоа дека вчера избувнале пожари на 40 различни локации и во некои области биле забележани пламени високи до 25 метри.
Луѓето во Атина носеа маски за лице за да се заштитат од чадот што дува во градот.
Во Пентели, шумско, ридско подрачје, мораше да се евакуираат три болници. Пожарот ја зафатил и фабриката за дрво, а на други места во областа се слушнале бројни експлозии, најверојатно од резервоари за гориво и плински боци.
❗️ – An extremely dangerous forest fire continues to ravage the region near Athens, the capital of Greece, prompting authorities to call for the immediate evacuation of homes.
Emergency crews have been battling the flames for more than 20 hours, in dramatic conditions… pic.twitter.com/nPYeQhfQVm
— The Informant (@theinformant_x) August 12, 2024
Европските земји најавија помош за Грција откако нејзината влада го активира механизмот за меѓусебна цивилна заштита на ЕУ. Италија обезбедува два авиони, додека Франција и Србија обезбедуваат по еден хеликоптер, рече полковникот Ватракоганис.
Шпанија, Чешка и Романија испраќаат дополнителни возила, персонал и помош.
Соседна Турција исто така се подготвува да испрати два авиони и хеликоптер, рече министерот за надворешни работи Онџу Кечели.
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, на платформата X рече дека ЕУ „ќе стои на страна на Грција во борбата против разорните пожари“.