Атентат врз руски генерал: Осомничениот за убиството на Москалик доаѓа од Украина/ВИДЕО

92

Заменик-командантот на главната оперативна дирекција на Генералштабот на руските вооружени сили Јарослав Москалик денеска околу 10 часот и 40 минути по московско време беше убиен од подметната експлозивна направа додека излегуваше од зграда во населбата Балашиха во близина на Москва.

Според зборовите на Светлана Петренко, официјалниот претставник на Истражниот комитет на Русија, тој загинал кога експлодирал автомобил голф кој бил паркиран покрај зградата. Најверојатно во автомобилот била поставена камера со која се следело доаѓањето на генерал-полковникот.

Импровизираната експлозивна направа била поставена во автомобилот, покрај опремата со плинска боца, а била активирана од далечина кога жртвата го напуштила влезот во зградата, јавува каналот на Телеграм, Mash.

Претходниот сопственик, 35-годишната Маргарита В., во јануари го продала стариот автомобил, произведен во 2000 година, на мигрант од Азербејџан. Последниот сопственик на голфот е 40-годишниот Игнат К., родум од украинскиот град Суми, пренесува „Маш“, повикувајќи се на свои извори.

Рускиот пасош и возачката дозвола ги добил во 2015 година во Карачај-Черкезија. „Голфот“ од 2000 година го купил во февруари годинава.

Околу 2014 година, тој работел во фабриката Азовстал во Мариупол, каде што беше познатата опсада од членовите на Азов во 2022 година.

 

ИЗДВОЕНИ