EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Тренерот на Панатинаикос, Ергин Атаман, беше задоволен по победата над Олимпијакос во дербито на грчкиот шампионат (78:72).

ПАО ја прекина серијата на црвено-белите од 12 последователни победи и сега има две победи повеќе во првенството.

  • Одигравме совршена одбрана. Момците покажаа карактер, бидејќи Олимпијакос е најдобриот тим во Евролигата, победија седум натпревари по ред. Го победија Реал Мадрид пред три дена со голема разлика. Навивачите, атмосферата, не е лесно за противничките тимови да играат овде, истакна Атаман.

Тренерот на Олимпијакос, Јоргос Барцокас, беше лут на своите играчи, но и на судиите.

  • Во тие моменти не добивме ниту еден фаул, додека Панатинаикос постојано застануваше на линијата за слободни. Се чини дека критериумите беа поинакви, изјави Барцокас.

ИЗДВОЕНИ