EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Кошаркарите на Партизан ја запишаа четвртата победа во низа во Евролигата, откако, на домашен терен, го совладаа шампионот Панатинаикос со 91:73, во рамките на 14. коло. Тренерот на гостинската екипа, Ергин Атаман, тешко го прифати поразот.

  • Не се боревме. Од утре го менуваме начинот на кој тренираме, почнуваме со бокс! Мора да почнеме да тренираме бокс, бидејќи кошарката не е само давање поени и асистенции, туку е и борба. Му честитам на Партизан бидејќи се бореше, а ние не му одговоривме со агресивност – изјави тренерот ПАО.

Во следното коло, Партизан гостува кај Алба од Берлин, додека Панатинаикос, на гостински терен во Истанбул, кај тимот на Анадолу Ефес.

ИЗДВОЕНИ