Водолија – Водолијата е зодијачки знак на иднината и оригиналните можности. Таа е фокусирана кон тимот кон заедништвото, кон поврзаноста со другите и придонесот за напредок на заедницата. Најглавно за водолијата е да верува во себеси и да се стави во преден план. Да не очекува дека нејзините оригинални идеи секогаш ќе бидат прифатливи за другите. Но тоа не значи да се приспособува на другите, туку треба да биде верна на сопствениот сон, на сопствената визија и соопствените вредности. Јупитер во 2025 година ќе го транзитира полето на љубовта, среќата, децата и задоволствата. Тоа отвора одлична можност за новороденче или, пак, позитивен ангажман околу деца или добар потенцијал за напредок на децата. Добро е да се оствари љубовен однос со личност која е натпреварувачки ориентиран, има високо ниво на енергија и спортски дух или можеби е поврзан со странство. Многу позитивно е и за полето на недвижности во хороскопот на водолијата. Затоа се препорачува вложување во недвижности, подобрување на финансиската состојба и отворање можност за промена на место на живеење. Водолијата треба да биде отворена за соработка со лица кои ќе ја стимулираат, мотивираат, а не кои што ќе создаваат емоционален отров и ќе ја блокираат нејзината волја за напредување. Не треба премногу да се окупира со туѓите проблеми, а да ги запостави сопствените вредности. Значи, фокус кон системот на вредности, кон тоа што водолијата го сака и може да го постигне. Верба во сопствените квалитети и развој на потенцијалите. Да се опушта на здравствен план, да не биде премногу оптоварена со некои проблеми кои порано беа присутни, да вложи што повеќе во себе си и низ призма на негување на духот и телото да се ориентира кон иднина, кон перспективата на постоењето. Водолијата не може да опстојува со стегите произлезени од минатото, ниту премногу да размислува за минатото, туку претпочита да размислува за иднината. Но главниот фокус во текот на 2025 година треба да биде мигот на сегашноста и преку тоа што во мигот го доживува, таа може да создаде и подобра перспектива во работата и љубовта. Значи, Јупитер во близнаци е добар пријател на водолиите и тој треба да им отвори многу подобра шанса и во љубовта и во поглед на семејните аспекти и во поглед на напредокот во кариерата.
Риби – Рибите се зодијачки знак на силни емоции, на посветеност на другите, на жртвување за другите, на креативност, на интуитивност и на ориентираност кон повисоките вредности на постоењето. Тоа го прават рибите од повисокиот карактерен тип и тие треба да и веруваат на интуицијата, треба се фокусираат кон себеси и да препознаат можности за градење нова подобра основа на животот. Сатурн повеќе од две години се наоѓа во зодијачкиот знак риби. Тоа укажувало дека треба да научат одредена животна лекција. Требало да се соочат со некои борби, неизвесности, тешкотии, но и воедно да надминат стеги и да отворат нова патека кон иднината. Судбината честопати ги соочува со одредени борби и ги учи на потежок начин како повеќе да се вреднуваат самите себе. 2025 година е многу битна за ослободувањето од сите емоционални отрови и сите стресови коишто претходно беа присутни. Значи, Јупитер е во знакот на близнаци, можеби малку ги ограничува рибите и нема да биде најпријателски ориентиран, низ призма на создавање голем финансиски напредок, но со влегувањето во знакот на рак (од 10 јуни), многу нешта ќе одат кон подобро и ќе отворат шанса за напредок и за хармонизирање на состојбата. Рибите треба да бидат свесни дека трошењето на енергијата за непродуктивни цели, за лица кои не ги почитуваат, нема да биде добра одлука во текот на 2025 година. Затоа треба да ја следат интуицијата, да не си наметнуваат емоционални товари, да се исчистат од сè што на некој начин ги ограничуваше и со едно повисоко ниво на самодоверба да градат подобри односи и во љубовта и во пријателството и во семејството. Главно е што Сатурн треба да им донесе еден вид стабилност во животот и трпеливост во однесувањето. Затоа помалку ризици, помалку влегување во непознатото, помалку подложност на надворешни фактори и влијанија, повеќе самодоверба, повеќе храброст и повеќе дејствување. Во претходната година беа ограничени од некои нешта кои не им овозможија да ги искористат своите потенцијали, така што беа под влијание на законот на преживување. Овој пат треба да преовладува законот на креативно дејствување и тој да донесе многу подобра шанса за љубовта, работата, здравјето и хармонијата на рибите.
(авторот е проф. д-р по филозофски науки и универзитетски професор)