Стрелец – Стрелецот е зодијачки знак на ентузијазмот, иницијативноста, оптимизмот, на контактите со странство, на спортувањето, на визијата. Најлошо за стрелецот е да биде пасивен, блокиран или да му биде оневозможена слободата низ призмата на негативното размислување, дејствување и несигурно функционирање. Тоа може да произлезе поради влијанието на посесивни и љубоморни лица или, пак, поради наталожените проблеми што подолг период ги измачуваат стрелците. Како и да е, не беа лесни работите за стрелецот со оглед што Сатурн повеќе од 2 години транзитира во знакот на риби. Тоа му создаде големи тешкотии, проблеми во домот, семејството, а можеби и поради решавањето на здравствените проблеми со кои се соочуваа некои од блиските. Стрелецот имаше одредени тешкотии и во поглед на љубовта. Но некои нешта може да бидат надминати со оглед што Јупитер ќе го транзитира седмото поле од хороскопот на стрелецот. Таквиот транзит создава одлични предиспозиции за влегување во брак или, пак, градење однос со личност којашто поседува високи квалитети. Стрелецот има можност и за подобрување на финансиската состојба преку партнерство. 2025 година е идеална за разни патувања, предизвици и контакти коишто можат да донесат големи авантури. Стрелецот е познат по својот авантуристички пристап, така треба да се однесува и во текот на 2025 година. Тоа подразбира да не биде изолиран, да не биде ограничен од надворешни влијанија, туку да биде отворен за сопствената визија на активност, борбеност и храброст во дејствувањето. Сатурн ќе транзитира во четвртото поле (поле на дом и семејство), таквиот аспект може да донесе некои ограничувања во поглед на недвижности, промена на место на живеење, но и грижа за проблемите на блиските. Посебно треба да се внимава на финансиски план и да не се склучуваат ризични договори и трансакции во периодот до 25 мај. Потоа Сатурн ќе влезе во знакот на овен и тој транзит ќе отвори многу подобри шанси и за недвижност и за сигурност и за финансии и за еден вид на поголема успешност во доменот на кариерата. Затоа стрелците треба да бидат трпеливи, но и треба да имаат цел, смисла и да знаат кон што да се насочат. Најглавното насочување е во поглед на хармонично партнерство, на креативност во работата, на контакти и патувања во странство, но и на фокус кон проблемите во домот и семејството. Клучно е да постигнат повисоко ниво на сигурност и да напредуваат во животот. Стрелецот е знак на среќата, така што Јупитер како неговиот владетел ќе овозможи развој, благосостојба и позитивна визија. Да се надеваме дека овие вредности ќе бидат присутни во текот на 2025 година во животот на стрелците.
Јарец – Јарецот е упорен, тврдоглав, настојчив, фокусиран кон целта, кон успехот, кон визијата и кон сето она кое што го мотивира и инспирира како личност. Не робува на туѓи сугестии, во смисла другите да му кажуваат што треба да направи, туку тој самиот ги лансира и ги иницира вредностите и така треба да биде во 2025 година. Основно е да изгради предуслови за напредок во полето на работата. Значи, посветеност на кариерата, успешност во работата, потенцијал за работа поврзана со странство. Добро е ако му се отвори можност и за патување во странство. За јарците се отвора можност и за подобрување на финансиската состојба, за вложување во недвижности или, пак, за хармонизирање на односите во домот и семејството. Корисно е јарците да имаат кратки патувања, но пред сè да бидат фокусирани кон лица, ситуации, места и околности кои во нив будат сигурност и хармоничност. Значи, свеста мора да биде на повисоко ниво, песимизмот, блокадите, конзерватизмот не смеат да бидат доминантни туку напротив треба јарецот да биде оптимистички ориентиран. Во љубовта е многу битно да доживее нешто ново, оригинално, необично затоа што во тоа поле транзитира планетата Уран. Таа е планета на необични работи на еден вид мотивација, што понатаму ќе му донесе високо ниво на задоволство. Затоа, покрај нивото на страста треба да биде присутно и чувството на исполнетост во доменот на љубовта. Клучно е јарецот да биде задоволен од состојбата на партнерството и да преземе иницијатива за хармонизирање на односот. Ако во односот недостига страст, тогаш нема да се чувствува задоволен и исполнет, ако недостига љубов а има само страст, тогаш односот ќе биде осуден на тотален неуспех. За јарецот е најважно да ги фокусира целите кон недвижности, кон будење на свесноста, кон средување на некоја документација, кон создавање на договори, кон подобрување на финансиите, кон работни ангажмани кои создаваат предуслови за напредување. Треба да избегнува работни активности во кои премногу се троши и изместува и кои нема да донесат позитивни резултати, туку да се насочи кон работа што отвора нови потенцијали за успех во кариерата. Клучно е што Јупитер го транзитира полето на работа, а тоа може да отвори голем прогрес, успех и подобри професионални перформанси.
(авторот е проф. д-р по филозофски науки и универзитетски професор)