АСТРОЛОГ ЗОРАН КРСТЕВСКИ: За лавот 2025 е година на духовно будење, за девиците шанса за унапредување!

1935

Лав – Лавот е зодијачки знак на храброста, на динамиката, на оптимизмот и на вербата дека треба и мора да се успее и така ќе биде во 2025 година. Лавот треба да верува во себе си, кај него Јупитер го транзитира полето на целта, на смислата и на визијата. Значи најважно е за лавот да оствари одредена цел или да постави висока цел и да ја анализира таа цел во насока на подобрување на можностите. Да има смисла, да има самовредност и да има динамика во текот на 2025 година. Да не биде пасивен, да не биде затворен и да биде насочен кон тоа што може да создаде висока реализација. Страста ќе биде присутна, храброста и енергичноста исто така. Треба да биде ориентиран кон самиот себеси, но и да се отвори за лицата кои што можат дополнително да го мотивираат и насочат кон позитивните животни цели. Јупитер транзитира во неговото поле на статус, на напредок, на надградба, на високи можности и развој на потенцијалите. Овој позитивен планетарен аспект укажува дека нешто значајно ќе се случи во кариерата на лавот. Треба да очекува поддршка или од јавноста и оригинални можности за напредок во полето на професијата. Се препорачува некои од лавовите да надминат одредени стеги, психофизички да се хармонизираат, да се пробудат на духовен план, да се трансформираат и да тргнат напред кон новите можности на животот. Астролошки гледано, клучно е што ќе се ослободат од влијанијата на Уран, тоа посебно важи за лавовите од третата декада. Таквата околност ќе им симне голем товар во животот и ќе направи да им биде многу подобро. Кај лавовите главното е дека успехот ќе следи посебно ако се поврзат со странство, патуваат, постават високи цели, веруваат во своите вредности, а тие тоа го можат бидејќи се знак кој негува високо ниво на самодоверба. Значи успех, напредок, визија, позитивна енергија и стремеж кон повеќе љубов, кон повеќе хармонија и чувство на исполнетост во текот на целата 2025 година за креативните и позитивно ориентирани лавови.

Девица – Девицата е најрационалниот знак во зодијакот која умее аналитички селективно да им пристапува на нештата. Не сака ризици, не сака да влегува во непознато, туку одмерено, промислено и спонтано да ги препознае вредностите. Во поглед на нејзината динамичност и фокусираност, впечаток е дека повеќе ќе биде насочена кон интелектуалната надградба, професионалниот развој и подобрување на финансиската состојба. На полето на емоциите се постегнати, малку поблокирани заради стравот од напуштање или неуспех. Оваа години девиците имаат шанса да ги подобрат состојбите, да се извлечат од една летаргија, да најдат подобра основа за унапредување и во доменот на работата и во љубовта, бидејќи Јупитер им го транзитира полето на кариерата и статусот. Значи, треба да се отворат за јавноста, добро е ако соработуваат со странство, корисно е ако добијат поддршка од претпоставените, препорачливо е да вложуваат во полето на недвижностите и добро е да учат нешто ново, оригинално, необично. Најглавно е да го елиминираат стравот, да работат на самодовербата, да бидат храбро насочени кон целта и да ги постават основите за напредок во текот на наредните години. Од пристапот кон нештата во текот на 2025 година ќе зависат многу околности и фактори за позитивните перспективи на девиците. Ако сакаат да ги избегнат неизвеснотите, емоционалните кризи и зависноста од надворешните влијанија, клучно е девиците да го постават темелот (материјалната и емоционална сигурност) на сопственото постоење. Планетата Уран наскоро ќе влезе во знакот на близнаци. Тоа не е најдобра позиција за девиците, но додека е Уран во знакот на бик, а тоа ќе биде до 7 јули година, шансите за успех, за напредок на девиците ќе бидат многу повисоки. Затоа девиците треба да го искористат тоа планетарно влијание за поставување на целите, за остварување на потенцијалите и за еден темел што ќе им биде потпора и сигурност за понатамошните години. Во текот на 2025 години им се препорачува повеќе опуштање, помалку емоционални блокади и преиспитувања, верба во сопствената интуиција, верба во сопствените сили и остварување на целите посебно во кариерата и статусот.

(авторот е проф. д-р по филозофски науки и универзитетски професор)

ИЗДВОЕНИ