АСТРОЛОГ ЗОРАН КРСТЕВСКИ: Во 2025 хармонизација за близнаците, професионален напредок за ракот!

585

Близнаци – Близнаците се активен зодијачки знак што не сака да робува на предрасуди, не сака да биде затворен во четири ѕида, туку постојано да гради цел, визија и храбро отворање кон животните перспективи. Близнаците речиси една година се под влијание на Јупитер којшто транзитира во нивниот зодијачки знак, а Јупитер е планетата на среќата и позитивните можности. И вака навидум сè би било идеално, да не е Сатурн во риби којшто ги ограничуваше близнаците во претходните две години, а посебно 2023 година. Некои проблеми можат да бидат надминати, дел од проблемите ќе останат за близнаците од третата декада, но и тоа ќе заврши бидејќи со транзитот на Сатурн во знакот на овен од 25 мај 2025 година многу позитивни шанси, многу можности ќе бидат отворени и подобрени за близнаците. Значи, Јупитер дава патувања, дава контакт со странство, дава успех доколку на професионален план близнаците се поврзани со странство или работат за некоја странска компанија. Добро е да креираат љубовни односи или да остварат љубовна релација со лице кое е врзано со странство. Се препорачува да бидат повеќе насочени кон личната надградба и да имаат оптимистичка визија на животот. Да инвестираат во знаењето и да се запишат на факултет доколку постои таа опција или, пак, да постигнат успех во академската средина. Да бидат афирмативно насочени кон своите цели, да веруваат во сопствените вредности и да бидат отворени за промени. Најважно е да не подлегнуваат на туѓи недобронамерни сугестии и да ја следат сопствената интуиција. Да се стабилизираат, да не ја трошат енергијата на секаде туку кон она што ги исполнува и хармонизира. Да ги препознаат и развиваат вредностите и талентите што ги поседуваат, затоа што Јупитер е планета која пред сè ги развива потенцијалите на личноста. Значи, фокус кон личните потенцијали, дистанца од лица, енергии коишто им создаваат немир. Насоченост кон лица кои доаѓаат од странство, патување во странство, насоченост кон интелектуална надградба и отворање на можности во поглед на кариерата. И во љубовта да бидат отворени за флуид, за магнетска привлечност и за задоволства. Сепак, се препорачува да не бидат подложни на некои ниски страсти или неубави односи. Заклучокот е дека кај близнаците успехот ќе следи ако бидат верни на своите квалитети и на својот интелектуален потенцијал, тоа значи дека нема место за паника и за стравови. Сатурн полека ќе го олабавува притисокот кон близнаците и со самото тоа, тие ќе симнат голем товар и ќе хармонизираат многу состојби во својот живот.

Рак – Ракот е зодијачки знак на емоцијата и кај него е клучно што се случува на љубовен план, какви се односите во семејството, дали ќе дојде до некое подобрување, дали ги надминал проблемите од минатото, како се справува со потиснатите трауми, дали стравовите ги изнел на површина и ги ослободил, а на тој начин и отворил нова патека на животот. Значи, овие нешта се присутни кај раковите, особено ќе бидат присутни во периодот до јуни бидејќи до тој период планетата Јупитер ќе транзитира во нивното поле на потсвест и скриени потенцијали. Тоа значи дека ќе имаат ангел-чувар заштитник, но значи дека и потсвеста е клучот на успехот. Не може сѐ да биде идеално, но важно е да се обидат раковите онолку колку што можат и да воспостават стабилност, хармонија или мир со себе. Инаку, раковите наскоро треба да го очекуваат транзитот на Јупитер во нивниот зодијачки знак, тоа е голем бенефит, бидејќи отвора многу перспективи, донесува многу поголема заштита и по 12 години со последниот транзит на Јупитер во рак, веќе може да се каже дека раковите треба да постигнат високо ниво на стабилност и успех. Значи, раковите се едни од зодијачките знаци кои ќе бидат меѓу најнапредните, најсреќните, со највисоките потенцијали за остварување на целите. Посебно ќе се отворат шанси за напредок на поле на недвижност и на поле на љубов каде треба да се обидат нешто да подобрат, да хармонизираат и да остварат позитивен резултат. Честопати ракот е подложен на променливи емоции, подложен е на сето она што било присутно во минатото кое го кочело и не му дало развој и чувство на сисгурност. Во текот на 2025 година мора да биде свртен кон иднината, но повеќе тоа важи од средината на јуни. Најважно е што имаат голем потенцијал и за реализација во полето на професијата, но клучно е и тоа што треба да патуваат и треба да се ослободат од некои стеги, од некоја несигурност, од стравот од загуба, па и од некоја тага. Значи, разрешување на тоа што било во потсвеста акумулирано со текот на годините и фокус кон позитивните промени, кон тоа што го поседуваат како вредност и кон перспективите на иднината.

(авторот е проф. д-р по филозофски науки и универзитетски професор)

ИЗДВОЕНИ