АСТРОЛОГ ЗОРАН КРСТЕВСКИ: 2025 година за вагата носи поддршка од ѕвездите, за скорпијата отвора нова животна патека

1271

Вага – Вагата е зодијачки знак на хармонијата насочена кон естетиката, мирот и љубовта. Многу битно е дали е реализирана на емоционален план, со какви лица е опкружена и кон какви вредности се насочува. Треба да ја надмине вродената колебливост, да препознае аспекти за унапредување на професионален план и да почне да ги хармонизира односите на љубовен план. Претходните периоди не беа најсјајни за вагата, така што мораше да се приспособува или да наметне некои нови вредности во своето постоење. Време е да се ослободи од психофизичката криза и да најде решение за ограничувачките фактори. Во 2025 година најглавната придобивка е што Јупитер ќе транзитира во полето на високо образование, себеосознавање, мудрост и контакт со странство. Надградбата, духовноста, патувањата и релацијата со лица кои се поврзани со странство, треба да бидат приоритет за вагите. Важно е да ги реализираат своите потенцијали и да ја добијат поддршката од ѕвездите за иницирање на нова фаза во животот. Треба да се искористат позитивните планетарни аспекти за поставување нови цели, да се бидат похрабри и да ги преиспитаат состојбите што ги соочија со психофизичка криза. Сатурн во полето на работа, здравје и секојдневие создава одредени ограничувања, борби и неизвесности. Значи, се препорачува помирен однос во секојдневието, да се избегнуваат притисоци, да не се подлегне на некои надворешни влијанија, да се создадат нови предуслови за унапредување во доменот на кариерата, но и пред сѐ да се биде фокусиран на здравјето. Астролошки гледано, Јупитер е позитивно аспектиран, ама Сатурн создава одредени ограничувања. Бидејќи Јупитер е планета на среќа, се надеваме дека доменот на среќата ќе биде присутен кај вагите и тие ќе можат да ги остварат високите естетски потенцијали. Тоа подразбира во љубовта да креираат сигурност и да доживеат задоволства, односно да се ослободат од сите оние релации коишто не им создаваат мир и хармонија. Најважно е да ги преиспитаат напнатите ситуации во секојдневието и да пронајдат што е тоа што ги тормози, ги дисхармонизира, им создава внатрешна вознемиреност. Се препорачува да бидат ориентирани кон здравата исхрана, односно да елиминираат секаков вид на негативни состојби произлезени и од надвор, но и од сопствените нерационални стравови. Вагата може да напредува во 2025 година посебно ако ги утврди приоритетите, а тие треба да бидат поврзани со љубовта, со внатрешниот мир и со позитивниот пристап кон нештата.

Скорпија – Скорпијата е зодијачки знак на борбата, на неизвесноста, на трансформацијата, на непознатото, на мистиката и на способноста за креирање оригинални вредности. Скорпијата е полна со сила, со енергија тогаш кога треба да оствари своите високи потенцијали и да ги реализира своите цели. Најлошо е за скорпијата да живее, апатично, стегнато, блокирано, да не се чувствува среќно и исполнето туку да ѝ се наметне некој проблем и да не ѝ даде еден вид на сигурност и стабилност во животот. Сатурн транзитира во петтото поле на скорпијата, тоа е полето на љубовта, среќата и задоволствата. Ова планетарно влијание не ѝ дава лесно доживување на задоволствата ниту пак среќа преку ноќ, туку борба, неизвесност и упорност за да се остварат целите. Од друга страна, Јупитер од 10 јуни ќе прејде во знакот на рак и тоа е голема шанса за скорпијата за да постигне повисоки цели и во кариерата и во љубовта, да ја искаже својата страст и да се извлече од напнатите и неизвесни животни околности. 2025 година ветува повисоко ниво на страст, на борба за постигнување напредок, но треба да се внимава во полето на партнерство затоа што сите оние односи кои што се таложеле низ призма на нетрпеливост, конфликтност и недоразбирање може да бидат растурени. Тоа е поради влијанието на Уран во полето на партнерство, ама од друга страна Уран може да донесе некое оригинално, необично партнерство со личност која може да потекнува од странство, со некој разведен или, пак, некоја личност која што ќе пробуди нова мотивација и страст кај скорпиите. Во изминатата година скорпијата се справуваше со многу искушенија и со ризични ситуации. Некои удари на судбината и создадоа психофизичка криза и ја сочија со одредени разочарувања. Но, тоа не значи дека така ќе биде и во 2025 година, бидејќи скорпијата може да се трансформира, да се регенерира и да отвори нова похармонична патека на животот. Затоа, верба во себе си, верба во духовната промисла и исчекување позитивни планетарни влијанија кои ќе донесат подобра, посреќна и поисполнета судбина.

(авторот е проф. д-р по филозофски науки и универзитетски професор)

ИЗДВОЕНИ