„„Асошиејтед прес“ тужи тројца службеници од администрацијата на Трамп за нарушување на слободата на говорот

17

Новинската агенција Асошиетед прес тужеше тројца функционери во администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, наведувајќи дека ја прекршиле слободата на говорот.

Агенцијата побара од судот да и наложи на Белата куќа да престане да ја блокира работата на своите новинари.

Тужбата е поднесена пред федералниот окружен суд во Вашингтон.

АП соопшти дека ја поднела тужбата поради неуставниот обид на Белата куќа да контролира како зборува, и во овој случај, да наметне употреба на терминот „Американски залив“ за Мексиканскиот залив, во согласност со извршната наредба на Доналд Трамп минатиот месец.

Мексиканскиот Залив е меѓународен термин за овој залив јужно од Соединетите држави, од кој поголемиот дел е под јурисдикција на Мексико.

Обвинетите се конкретно шефицата на кабинетот на Белата куќа Сузан Вајлс, нејзиниот заменик Тејлор Будович и прес-секретарот Керолин Левит.

„Овој насочен напад врз уредувачката независност на АП и нејзината способност да собира информации и известувања, ја погодува суштината на Првиот амандман на Уставот на САД“, соопшти американската агенција, додавајќи дека судот мора веднаш да го реши проблемот.

Администрацијата на Трамп засега не ја коментира тужбата.

Како причина за спречување на АП да известува од Белата куќа, домот на Трамп на Флорида и претседателскиот авион, тимот на Трамп експлицитно ја наведе одлуката на АП да не ја следи целосно наредбата за преименување на Мексиканскиот Залив во „Америкаски залив“.

Трамп во вторникот, многу експлицитно, објави дека новинската агенција АП ќе биде спречена да известува „се додека не се согласат дека ова е Американскиот Залив“.

Оваа недела, околу четириесет организации потпишаа барање до Белата куќа да престане со таквото однесување кон АП.

АП е членка на внатрешниот круг на медиумски куќи кои известуваат од Белата куќа повеќе од еден век. Агенцијата сè уште може да известува оттаму, но ѝ е забранет пристапот до некои одаи во Белата куќа од каде што веднаш може да пренесе информации до јавноста.

ИЗДВОЕНИ