„АСМА АЛ АСАД УМИРА“: Поранешната прва дама на Сирија е тешко болна, лекарите прогнозираат 50 отсто шанси за преживување

596
EPA-EFE/YOUSSEF BADAWI *** Local Caption *** 50307778

Сопругата на соборениот сириски претседател Башар ал Асад, Асма, се соочува со тешка битка против леукемијата, а лекарите и даваат само 50 отсто шанси за преживување. Извори блиски до семејството тврдат дека Асма веќе неколку недели е на лекување во Москва.

Пред само неколку дена беше објавено дека Асма ал Асад сака развод од нејзиниот сопруг, а нејзината болест и потенцијалниот развод може да имаат значително влијание врз меѓународните односи и политичката динамика, особено во контекст на санкциите и нејзиното британско државјанство.

Леукемијата на Асма беше дијагностицирана во мај и се верува дека се вратила по краток период на ремисија.

Нејзиниот татко Фаваз Ахрас се грижел за својата ќерка во Москва, а извори кои се во близок контакт со нејзиното семејство велат дека нејзиниот татко е многу лошо поради состојбата на неговата ќерка.

– Асма умира – рекол извор кој директно разговарал со семејството во последните недели.

– Не може да биде во иста просторија со никого поради нејзината состојба – додаде тој.

Развод како билет за Лондон
Се шират гласини дека Асма размислува за развод од сопругот како „предуслов“ за враќање во Лондон, но и поради незадоволство од условите за живот во Москва. Сепак, британските власти потврдија дека нејзиното враќање во Велика Британија е блокирано поради санкции.

Иако руските власти го разгледуваат нејзиното барање да замине, британскиот министер за надворешни работи, Дејвид Лами, инсистира дека таа „не е добредојдена во ОК“.

Аналитичарите изразија загриженост за нејзината безбедност во Москва, опишувајќи го нејзиниот живот како „златен кафез“ под контрола на претседателот Путин.