Асма ал Асад е тешко болна, но не може да се врати во родниот Лондон на лекување?!

192
EPA-EFE/YOUSSEF BADAWI

Сопругата на поранешниот сириски претседател Башар ал Асад, Асма, која боледува од леукемија, нема да може да оди на лекување во Велика Британија бидејќи и е истечен пасошот, објавија денеска британските медиуми.

Асма ал Асад, освен сириско, има и британско државјанство и е родена во Лондон во 1975 година.

Таа нема да може да се врати во родниот Лондон без валидни патни документи, пишува Daily Mail.

Претходно медиумите објавија дека таа е тешко болна од леукемија.

Нејзиниот татко, познатиот кардиолог Фаваз Ахрас, ја напуштил својата клиника во Лондон за да се грижи за својата ќерка, која по падот на режимот во Сирија со сопругот побегнала во Русија, пишува британскиот весник.

Во мај, сириското претседателство објави дека на Асма ал Асад и била дијагностицирана акутна форма на леукемија, рак кој ги погодува крвните клетки во коскената срцевина.

Таа претходно се лекуваше од рак на дојка, но во 2019 година објави дека е во ремисија по една година лекување, пишува Тајмс.

Леукемијата, наводно, се вратила по период на ремисија, а еден извор вели дека „Асма умира“ и дека „не може да биде во иста просторија со никого“ поради ризикот од инфекција.

Друг извор, за кој се вели дека е во контакт со семејството Ал Асад во Москва, рече дека лекарите во последните неколку недели процениле дека Асма има 50 отсто шанси да преживее.

ИЗДВОЕНИ