Асфалтирана улицата покрај новото подрачно училиште „Гоце Делчев“

66

Општина Илинден интензивно работи на подобрување на патната инфраструктура. Асфалт доби новата улица „6“ во локалната економска зона Ограѓе, во населба Илинден.

Улицата е во должина од 120 метри и широчина 5,5 метри, а од двете страни, по целата  нејзина должина изградена е и пешачка патека во широчина од 2,5 метри.

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски истакна дека оваа улица претставува сервисна улица со која се поврзува новото подрачно основно училиште „Гоце Делчев“ во населба Илинден како и Домот за стари лица кој е во интензивна градба. Исто така, улицата е од големо значење за функционалноста на стопанските субјекти кои се наоѓаат во овој дел на населба Илинден.