Асфалтирана улицата „13“ во населба Илинден

70

Во рамки на градежната експанзија која се одвива во Општина Илинден денеска е асфалтирана улицата „13“ во населбата Илинден. Улицата е во долга околу 300 метри и широка четири метри.

Покрај асфалтирањето, со градежните работи на улицата е опфатено и одведувањето на атмосферските води.

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски истакна дека оваа улица е од огромно значење за жителите во овој дел на општина, особено што ги поврзува улиците „19“ и „9“ и поминува покрај Домот на култура „Илинден“.

-Финансиските средства се целосно обезбедени од буџетот на Општина Илинден. А со реализација на овој проект ќе се подобри патната  инфраструктура на општина Илинден, ќе се зголеми безбедноста во сообраќајот и ќе се овозможи квалитетни услови на жителите во реализирање на нивните секојдневни активности – соопштија од Општина Илинден.