Општина Илинден го заврши асфалтирањето на локалниот пат Кадино – Мралино во должина од 500 метри. Воедно, воспоставен е и систем за одведување на атмосферските води од локалниот пат.
Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, истакна дека се работи за капитална инвестиција предвидена во стратешкиот план за развој на Општина Илинден 2022-2026 година.
Дополнително, во наредниот период ќе се гради примарна фекална канализација покрај локалниот пат, а ќе се догради и пешачката патека по должина на целата улица.
– Со реконструкцијата на оваа улица, се овозможуваат подобри услови за граѓаните, значително ќе се придонесе за поголема безбедност на учесниците во сообраќајот, пешаците и велосипедистите. Исто така, се подобрува секојдневната комуникација на граѓаните од овие населени места со административниот дел на Општината и значително се намалува времетраењето на патувањето до нивните работни места – соопштија од Општина Илинден.