
Раководните лица на Арсенал ја пропуштија шансата да доведат напаѓач во јануари кој ќе им помогнеше да се борат за титулата во Премиер лигата.
Веќе е јасно дека таа одлука беше погрешна бидејќи Арсенал е далеку зад Ливерпул, а прашање е како без вистински напаѓач ќе играат во Лигата на шампионите против Реал (М).
Челниците на лондонскиот премиерлигаш се „одбранија“ дека ја донеле таа одлука за да го доведат напаѓачот кој Микел Артета го посакува следното лето.
Како што тврдат новинарите од Англија, Артета ја испратил последната понуда на адресата на напаѓачот кој толку многу го посакува, а тоа се секако Њукасл и нивниот напаѓач Александар Исак.
Исак е ѕвездата која цела Европа ја посакува, но „топчиите“ решија први да испратат понуда и јасно им ставија до знаење на челниците на Њукасл дека нема простор за никакви преговори.
Швеѓанецот му помогна на својот тим во финалниот натпревар од Карабао купот против Ливерпул каде Њукасл оствари победа и го освои трофејот во ова натпреварување.
За Исак, покрај Арсенал, огромен интерес покажа и Ливерпул, но веќе подолго време го следат челниците на Арсенал кои сакаат да го доведат на „Емирати“ следното лето.
Според англиските и некои шпански медиуми, Арсенал испратил официјална понуда од 120 милиони евра до Њукасл и сега чекаат одговор.
Наводно толку рано ја испратиле понудата за да покажат колку го посакуваат овој фудбалер, но и да го обезбедат неговиот потпис по многу пониска цена.
Шпанскиот стручњак сака да го доведе Исак бидејќи во него гледа се што му недостига во нападот оваа сезона за да го предизвика Ливерпул за титулата во Премиер лигата.
Секако дека Арсенал има спремни резерви, но Артета се надева дека нема да мора да тргне по нив, туку ќе му се исполни главната желба.