EPA-EFE/NEIL HALL

Арсенал ја активираше откупната клаузула и го купи голманот Давид Раја од Брентфорд за 27 милиони фунти. Шпанскиот голман минатата сезона ја мина во лондонскиот клуб како позајмен, каде остави добар впечаток, па можеше да се очекува ваков потег. Тој не го криеше задоволството од потпишувањето на договорот со Арсенал.

  • По една година помината на позајмица, конечно можам да кажам дека сум член на Арсенал во наредните години. Возбуден сум за тоа што носи иднината, но секогаш живеам во сегашноста, изјави Раја.

Шпанскиот голман минатата сезона одигра 41 натпревар за Арсенал во сите натпреварувања, а на 20 натпревари не прими гол.