Веќе нема никаква дилема дека најдобриот фудбалер во дресот на шпанскиот прволигаш Атлетик (Б), Нико Вилијамс, ќе ја промени клупската средина за време на летниот преоден рок. Во неговиот договор има ослободителна клаузула која се активира со понуда не помала од 48 мил. евра, а најзаинтересиран за неговите услуги е лондонскиот премиерлигаш Арсенал.