Актуелниот европски клупски шампион, тимот на Реал (М), се откажа од намерата веќе во јануари да ги осигура услугите на офанзивниот бек од редовите на англискиот премиерлигаш Ливерпул, Тренд-Александер Арнолд. Репрезентативецот на Англија има договор со „црвените“ до крајот на сезоната и затоа „кралскиот клуб“ се одлучи за опцијата да го ангажира без да плати обештетување.