Трент Александер-Арнолд беше херојот во победата на Ливерпул во последниот натпревар од Премиер лигата во момент кога не се знае дали неговата иднина се уште е на „Енфилд“ или не. Десниот бек на „црвените“ влезе од клупата на мечот против Лестер и го постигна единствениот гол на натпреварот (1:0), со кој не само што официјално го испрати Лестер во Чемпионшип, туку и го доведе својот тим на три бода до титулата. Следуваше бурна прослава. Арнолд го соблече дресот и застана пред навивачите на неговиот локален клуб, кои го поздравија со аплауз и покрај тензиите меѓу двете страни.

Имаше впечаток и дека Арнолд со оваа прослава сакаше да наметне дека Реал ќе остане во мирување, и дека ќе го продолжи договорот со Ливерпул. Сепак во изјавата по мечот ги остави сите опции отворени.

-Цела сезона велев дека нема да зборувам за мојата ситуација и статус. Нема да навлегувам во детали, изјави Арнолд по натпреварот.

ИЗДВОЕНИ